Amplus Accounting Academy

ОБУКА: ДАНОЧНО РАБОТЕЊЕ

Во современи услови на работење даночното работење претставува се позначаен сегмент од работењето и улогата на финансискиот работник во едно претпријстие.

Даночната изложеност може да претставува значајна ставка од работењето на едно претпријатие. Од тука потребано е да обрне поголемо внимание кон едукација и унапредување на знаењата и вештините на финансиските работници во оваа област.

Даночното работење е сложен процес кој подразбира познавање на низа даночни прописи и регулативи кои се апликативни за работењето на едно претпријатие. Како резултат на таквото знаење се поставува систем на даночно планирање согласно важечките законски прописи.

Затоа е важно да имате правилно даночно работење поставено во вашето претпријатие.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: сметководители, вработени лица на позиција помлади сметководители кои имаа зад себе најмалку една година искуство, помошник сметководители, лица кои имаат искуство во сметководството, активно го практикуваат или лица кои ја посетиле нашата сметководствена програма основи на сметководство и сметководствена администрација со цел да го заокружат своето знаење во областа на сметководството.

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Даночно работење. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube