Amplus Accounting Academy

ОБУКА: ФИНАНСИСКА И БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА ВО КОМПАНИИТЕ

Во современиот деловен свет, администраторот како функција во една организација се помалку може да ја извршуваат административни асистенти. Врз основа на важноста на оваа позиција во една организација и збирот на функции кои се делегирани во неа, истата се почесто се делегира и се извршува на ниво на административен менаџер. Од тука, се повеќе се надминува концептот дека за извршување на улогата администрација е потребно само соодветно работно искуство, додека пак образованието и вештините се спореден, нерелевантен фактор при пополнување на оваа позиција. Администраторот, има различна улога споредено од една до друга компанија, меѓутоа постојат неколку основни вештини и знаења кои мора да ги поседува еден администратор со цел успешно да одговори на работните обврски.

Во денешно време од администраторот се очекува да извршува постојано повеќе работни активности истовремено што од него бара силно чувство за организираност. Во последно време, можеби најмногу се очекува да придонесе кон финансиското одделение.

Во една современа компанија администраторот се повеќе добива улога на финансиски асистент или лице за контакт на надворешното или внатрешното сметководствено одделение.

На нашата кратка обука ќе добиете сознание за:

  • Која е новата улога на администраторот во една современа компанија
  • Како администраторот може да помогне на финансиското одделение
  • Како може да помогне во процесот на планирање и буџетирање
  • Кои се други улоги може да ги има администраторот
  • Кои информации се вкрстуваат во позицијата администратор

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: административни асистенти, деловни коресподенти,  студенти кои имаат желба да научат применливи техники и вештини со кои ќе можат да влезат подготвени на работното место – администратор.

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Сметководствена администрација. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube