Amplus Accounting Academy

ОБУКА: ЗАВРШНА ПРЕСМЕТКА

Сметководството претставува најважниот сегмент од финансиското работење на едно претпријатие. Сметководството го прикажува целиот бизнис циклус на претпријатието од неговиот почеток до завршувањето низ бројки. Најважната активност која ја има сметководителот во процесот на сметководствено работење претставува подготвувањето на завршната пресметка.

Подготвувањето на завршната пресметка е сложен процес кој подразбира низа контролни процеси и механизми со цел да се провери, потврди минатото работење во годината за која се прави завршната пресметка. Како резултат на таквите процеси и механизми се добива подготвката на завршната пресметка согласно важечките законски прописи.

Завршната пресметка го претставува Вашето претпријатие пред институциите на државата, пред Вашите бизнис партнери, пред Вашите вработени, пред пошироката бизнис јавност.

Затоа е важно да имате сметководствено работење кое ќе биде наука применета во пракса.

На обуката ќе практикувате индивидуално работење на завршна пресметка за време на самото предавање преку сопствен софтвер и компјутер.

Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката. Екслкузивно право на софтвер за практицирање-вежбање на материјалот и после завршувањето на обуката. 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: сметководители, вработени лица на позиција помлади сметководители кои имаа зад себе најмалку една година искуство, помошник сметководители, лица кои имаат искуство во сметководството, активно го практикуваат или лица кои ја посетиле нашата сметководствена програма основи на сметководство и сметководствена администрација со цел да го заокружат своето знаење во областа на сметководството.

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Завршна пресметка. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube