Amplus Accounting Academy

ОБУКА: ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВЕНА АДМНИСТРАЦИЈА

Сметководството претставува најважниот сегмент од финансиското работење на едно претпријатие. Сметководството претставува огледало на целиот бизнис циклус на претпријатието. Во тоа како ќе се огледа бизнисот низ сметководството најважната улога ја има сметководителот.

Сметководството е основа за сите деловни одлуки, основа за оправданост на финансирањето преку банкарски кредити, основа за сите анализи и извештаи на претпријатието.

Сметководството е врата низ која влегува инспекциската контрола во Вашето претпријатие.

Сметководството е наука применета во пракса. Практичното работење, искуствената примена на сметководството е најголемата придобивка за еден сметководител.

Искусете еден поинаков начин за обука на сметководствените знаења со помалку теорија – повеќе практично работење.

Индивидуално практицирање на предавањето за време на самото предавање преку сопствен софтвер и компјутер.

Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката. Секој учесник на Обуката добива Софтвер за Сметководствено работење кој може да го користи и по завршување на истата, а со цел увежбување на знаењата и обезбедување на сигурност и брзина во работата.

Единствен прирачник со вистински примери од секојдневното работење на претпријатија.

Доколку имате желба, љубов кон сметководството, сакате да го научите на вистински начин, ОВА е обуката која ВИ е потребна. Единствена обука од овој тип !

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: почетници во областа на сметководството, студенти, вработени лица на позиција сметководствена администрација, помлади сметководители, помошник сметководители, лица кои имаат допирна точка со сметководството, активно го практикуваат на базична основа и сакаат да ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ !

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Основи на сметковдоство и сметководствена администрација. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube