Amplus Accounting Academy

ОБУКА: АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Сè што работи еден бизнис всушност се отсликува во финансиските извештаи. Бидејќи тие може да бидат многу сложени, преку финансиската анализа треба да се сведат на разбирливи показатели за менаџерот. Само така раководството ќе може да донесе правилна одлука во која насока да го води бизнисот”. 

Финансиската анализа претставува една алатка за препознавање на клучните елементи од вашите извештаи која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување ќе придонесе кон евалуација на тековното работење, идентификување на проблемите / областите на потенцијалните можности, развивање на буџети и имплементирање на идните стратегии кои во водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност. 

Постојат бројни клучни елементи од финансиската слика на едно претпријатие за кои треба да бидете свесни а истите можат да се пронајдат во трите основни финансиски извештаи што ги создава Вашето претпријатие биланс на успех, биланс на состојба и извештај за паричните текови. 

Препознавањето на овие елементи во Вашите извештаи е потпомогнато преку сет на финансиски показатели кои во една заедничка спрега овозможуваат да дадат одговор на Вашите прашања за тоа дали и колку сте профитабилни, ликвидни, солвентни и дали имате или одржувате долгорочна успешност на Вашиот бизнис. 

Претприемачите треба да можат да ги разбираат резултатите од нивното финансиско работење, а тоа се финансиските извештаи. Разбирањето на финансиските извештаи помага во процесот на донесување одлуки за бизнисот, односно тогаш одлуките се засноваат на корисни информации. Познавањето на повеќе информации кои стојат позади бројките во извештаите и огромна предност затоа што тогаш знаете во која насока се одвива Вашиот бизнис. 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: лица од областа на финансиското работење и финансискиот менаџмент, сметководството, финансиското известување. Истата особено е корисна на надоградување на знаењата кај претприемачите, лицата кои работат на менаџерски позиции, управители и лица кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата. 

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Анализа на финансиски извештаи. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube