Amplus Accounting Academy

ОБУКА: ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ – анализа и толкување

Сè што работи еден бизнис  се отсликува во финансиските извештаи. Бидејќи тие може да бидат многу сложени, преку финансиската анализа треба да се сведат на разбирливи показатели за менаџерот. Само така раководството ќе може да донесе правилна одлука во која насока да го води бизнисот”.

Финансиската анализа претставува една алатка за препознавање на клучните елементи од вашите извештаи која преку сетот на финансиски показатели и нивното толкување ќе придонесе кон евалуација на тековното работење, идентификување на проблемите / областите на потенцијалните можности, развивање на буџети и имплементирање на идните стратегии кои во водат кон профитабилност, солвентност и ликвидност.

Препознавањето на овие елементи во Вашите извештаи е потпомогнато преку сет на финансиски показатели кои во една заедничка спрега овозможуваат да дадат одговор на Вашите прашања за тоа дали и колку сте профитабилни, ликвидни, солвентни и дали имате или одржувате долгорочна успешност на Вашиот бизнис. 

Практична обука со корисни алатки за анализа и пресметки применливи веднаш кои ќе дадат резултати од Вашето работење од првиот ден на примена. 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: лица од областа на финансиското работење и финансискиот менаџмент, сметководството, финансиското известување. Истата особено е корисна на надоградување на знаењата кај претприемачите, лицата кои работат на менаџерски позиции, управители и лица кои се директно вклучени во процесот на донесување деловни одлуки во претпријатијата.

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Финансиски показатели-анализа и толкување. Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube