Amplus Accounting Academy

ОБУКА: МЕЃУНАРОДНО ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ И ДАНОК НА ЗАДРШКА

Данокот на задршка е регулиран во Законот за данок на добивка. Данокот на задршка се однесува на меѓународни трансакции кои се се почести со зголемената глобализација и меѓуграничната размена. Како да препознаеме кога и дали треба да пресметаме или нам да ни пресметаат данок на задршка? Како да избегнеме ситуација да не бидеме двојно оданочени ? Со цел да не се наметнува ист или истовиден данок на ист даночен обврзник за еден ист временски период и на иста даночна основа, земјите би требало да бидат прецизни и јасни во своите законски решенија за тоа што ќе биде предмет на оданочување кај нив.

Како да го надминеме овој проблем?

Каде да побараме одговор – решение во услови кога имаме двојно оданочување на нашите деловни активности ....

Еднодневната обука ќе биде корисна за добивање

  • основни насоки и инструкции кои чекори да ги превземеме кога сме соочени со двојното оданочување
  • кои постапки од нас ги очекува УЈП
  • како да ги разбереме Договорите за избегнување на двојното оданочување
  • како да го оствариме правото на даночните намалувања / изземања согласно Договорите за избегнување на двојното оданочување

Преку практични примери и пополнети обрасци ќе се обидеме да ја доближиме оваа проблематика до секојдневното работење на деловниот субјект.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА: финансиски менаџери, сметководители, даночни администратори / работници, сопственици на компании и претприемачи.

 

Преземи ја програмата за оваа обука - Меѓународно двојно оданочување и данок на задршка.
Кликни тука.

е-Информатор

Бидете секогаш со тек со нашите новости. Биди дел од нашата социјална заедница.

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

facebook  twitter  youtube